Во Карачи, Пакистан со помош на трансродовите муслимани отворена е првата црква во која ќе се организираат собири на трансродови христијани, што се чувствуваат дискриминирано и од семејсвото и од соседите, но и од официјалната пакистанска црква.
Христијаните во Пакистан често се чувствуваат дискриминирано, а уште помалку разбрани се трансродовите христијани кои се отфрлени од семејството, сограѓаните и од тамошните цркви. Затоа во Карачи тие основале црковна заедница.
-Никој не треба да пати како трансродовите лиѓе. Кон нас се однесуваат полошо отколку кон кучиња. Немаме никаква почит ниту од роднините, зошто луѓето кон нас се однесуваат така? Ние не сме виновни што сме трансродови лица – изјави Нена Соутреј, трансродова христијанка. Според неа, Бог ги создал луѓето па затоа таа ги замолува сите кон нив да се однесуваат како и кон останатите луѓе.
Извор: b92.net