Министерството за надворешни работи најостро го осудува вандалскиот акт на скрнавење на споменикот во Охрид за жртвите на трагичната несреќа со бродот „Илинден”, во која настрадаа бугарски туристи, на 5 септември 2009 година.
-Надлежните служби се информирани и во најскоро време ќе го отклонат ова злодело на неодговорни и злонамерни поединци, за да можеме достоинствено да ја паметиме ова трагедија – наведуваат од Министерството за надворешни работи.
Во соопштението се додава дека вратите на историскиот Охрид остануваат ширум отворени за сите туристи, а посебно се секогаш добредојдени нашите пријатели од соседна Бугарија.


