Пукање ги вознемири вечерва жителите на Белград, а како што пренесуват српските медиуми во инцидентот е рането и едно лице. Се работи за четириесет и петгодишниот Андрија З. Кој веќе и’ е познат на полицијата.
Тој вечерва е ранет во ногата за време на пукањето на „Далматинска улица“, по што е хоспитализиран на Ургентниот центар, а во тек е увидот од полиција. Улицата сега е затворена и не е дозволено да се поминува.
Извор: novosti.rs


