Актуелната пандемија со коронавирусот и секојдневниот голем број на новозаразени, сепак не ги спречија граѓаните денеска да се почестат со некое ново парче облека, чевли или пак предмети за домаќинството. На социјалните мрежи веќе кружат фотографии кои сведочат за метежот, особено во главниот град, каде граѓаните чекаат во редица за да ги искористат попустите по повод „Црн петок“ (Black Friday).
Објавено на: 11/27/20 9:25 PM