Денес се навршуваат две години откако почина нашиот голем ујм, ГоранСтефановски. На социјалните мрежи во знак на сеќавање се споделуваат спомени за него и негови цитати, кои ќе бидат запишани во историјата. Еден од тие е и актерот Дараган Спасов Дац, кој на свој начин не потсети на неговиот голем ум и на тоа што сеуште не се остварени ветувањата за неговиот спомен.
-Е, Горане мој, мил професоре и пријателе. Поминаа две години одкако си отиде и да ти кажам уште ме боли некаде во телово кога некој ќе го спомене твоето име или ќе прочитам нешто за тебе. Со тешко срце морам да ти кажам дека се спаси. Ситуацијава кај нас е катастрофална, секој секого мрази, му завидува, фаќа сеири како Пејо сеирџијата кој го играв во твојата последна драма “Огнени јазици”, ама Пејо беше добар а не како овие… Навистина се огнени јазици и зли и пакосни и одвратни, напиша Дац и додаде:
Е, Горане мој, мил професоре и пријателе. Поминаа две години одкако си отиде и да ти кажам уште ме боли некаде во телово…
Posted by Dragan Spasov Dac on Friday, November 27, 2020
-Ти во животот не си бил повеќе цитиран како сега. Сите работи што ги имаш напишано во кои зборуваш за нашата Македонија и семејството и предавниците и она како се сака земјата во која си роден, сега наголемо се споделуваат на социјалните мрежи. Час ги споделуваат едните, час другите во зависност од тоа кој како рекол и што рекол. Обично ги споделуваат за да се ситат на оние другите. Мене ми е мило што ги споделуваат твоите генијални мисли, но жално е што скоро никој од тие што ги споделуваат текстовите и видеата од одредени претстави не прочитале повеќе од тоа што го споделуваат и не виделе повеќе од самите видео фрагменти. Да ги прашаш што се зборува во “Диво месо”, ќе ти кажат дека тоа е за еден стар човек што требал децата да ги издрка во чаша…
И? Нема “И”.
Тешко ми е, (и не само на мене) од оваа омраза која се шири низ нашиот народ, но се надевам дека ќе биде подобро. Во моментов ми текна и дијалогот на Војдан и Стрезо од “Тетовирани души”, кога Војдан му вели на Стрезо дека ќе биде подобро, ама нема да го напишам, затоа што ќе почнат и тоа да го споделуваат…Отидов неколку пати и го гушнав твоето дрво во Дебар маало, едвај чекам да ја постават и твојата клупа па да седнам до тебе и да се изнаплачам во некој дожлив ден, кога никој нема да ме гледа. Твој Дац, напиша емотивно Дац.