Графичкиот уметник од Идлиб, Азиз Есмер, фотографијата на аргентинскиот фудбалер Диего Армандо Марадона, кој почина од хронична срцева слабост ја нацрта на ѕид од куќа разрушена за време на нападите на режимот на Башар ал Асад, јавува Агенција Анадолија (АА).
Триесет и шестгодишниот графички уметник кој живее во подрачјето на Биниш во Идлиб, стана познат по тоа што на ѕидовите од куќите разурнати од нападите на режимот на Асад црта слики со теми од случувањата во Сирија или од светската агенда.
Есмер, на еден од ѕидовите на разрушена куќа во Идлиб ја нацрта сликата на познатиот фудбалер Марадона.
Во изјавата за Агенција Анадолија (AA), Есмер рече дека тој внимателно го следел Марадона, особено кога активно играл фудбал.
„Тие што го сакаат Марадона, сликата за него ќе ја носат во своите срца. И ние како жители на Идлиб, фотографијата на Марадона ја нацртавме на ѕид од куќа урната во нападите на режимот на Асад. Куќите на луѓето од Идлиб кои го сакаа Марадона се претворија во урнатини. Ние тоа сакавме да го покажеме на целиот свет“, порача Есмер.