Општина Гостивар ќе изгуби грант 3 милиони денари, ако до крајот на месецот на седница на Советот на општината, не се изгласа локалниот акциски план. На последната седница на советот на Општина Гостивар локалниот акциски план за кој имаше најави за негово гласање, беше повлечен како точка од дневниот ред, со образложение дека треба да се дополни.
Од невладината организација „Месечина“ велат дека ако до крајот на месецот овој план на седница не биде усвоен, ќе пропадне грантот од 3 милони денари наменет за инвестиции во ромските населби.
Оттаму велат дека повлекувањето на точката од дневниот ред бил нелогичен чекор, затоа што истиот советник кој барал повлекување учествувал во изработката на планот. Тој апелираше на следната седница на Советот, советниците да не ги повторат грешките, затоа што со трите милиони денари за кои се надеваат дека ќе ги добијат, ќе се решат многу проблеми во ромските мала во Гостивар.