Женската фудбалска репрезентација на Македонија со победа против Казахстан ги заврши квалификациите за ЕП – ММС
ММС

Објавено на: 11/27/20 6:00 PM

Женската фудбалска репрезентација на Македонија со победа против Казахстан ги заврши квалификациите за ЕП

Женската македонска фудбалска репрезентација со убедлива победа против Казахстан на гости се прости од квалификациите за Европското првенство.

Овој циклус е најуспешниот за нашите девојки во однос на бодовното салдо и соодносот на победи и порази, но сепак недоволен за пласман помеѓу најдобрите селекции во Европа.

Репрезентативките практично го решија натпреварот во првите 45 минути. Гентјана Рочи и Наташа Андонова имаа фантастично попладне против Казахстанките. По асистенцијата на Андононова, Рочи во 11-тата минута од дуелот ја совлада Оксана Железњак и му донесе водство на Македонија. Во 34-тата минута по истиот „шаблон“, Рочи го удвои водството, а овојпат Рочи три минути подоцна се оствари во улогата на асистент кон Елма Шемсовиќ.

Македонија во групата го зазеде четвртото место со шест освоени победи (двете над Казахстан) и пет порази против Франција, Австрија и Србија. Во групата Г од квалификациите, Франција и Австрија со 16 поени го делат првото односно второто место, Србија со четири помалку се наоѓа на третата позиција.

 

 

Фото:

ffm.mk