Македонија е 65-та по последното рангирање на ФИФА – ММС
ММС

Објавено на: 11/27/20 3:22 PM

Македонија е 65-та по последното рангирање на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија по последното рангирање на ФИФА се најде на 65-тото место.

Пласманот на Европското првенство и победата над Естонија од 2:1, ја зацементира позицијата на Македонија на ФИФА ранг листата и остави простор за напредок и влегување во топ 50 фудбалски сили во светот.

Белгија останува број еден на оваа листа, Франција, Бразил, Англија, Португалија и Шпанија ги следат во чекор и ги заземаат следните места.

Од екс-ју земјите, Хрватска останува најдобро рангирана, а потоа следуваат Србија на 30-тата позиција, Босна и Херцеговина на 55-тата, Словенија на 62-та и Црна Гора на 63-та.