Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колегиум ја потврди победата на Џо Бајден, јавува Анадолија (АА).
„Секако дека ќе го сторам тоа, вие го знаете тоа“, одговори Трамп кога новинар праша дали ќе ја препушти функцијата доколку Бајден официјално биде прогласен за победник во претседателската трка.
Но, „ако тоа го направи [Изборниот колегиум], би направиле грешка“ и „ќе биде многу тешко да се признае“, додаде тој.
Трамп ги даде овие изјави по традиционалното обраќање кон американската Армија по повод Денот на благодарноста.Тој додаде дека постоела голема измама во изборниот процес и вети дека ќе ја одржи неговата правна борба.
Членовите на Изборниот колегиум официјално ќе се состанат за да ги дадат своите гласови на 14 декември.
Трамп ги даде овие коментари откако сојузните држави Џорџија, Мичиген, Пенсилванија и Невада ги потврдија изборните резултати, задавајќи му удар на Трамп, кој тврдеше дека изборите се наместени.
Трамп во понеделникот му даде овластување на неговиот тим да започне со првичните протоколи за транзиција кон администрацијата на Бајден.