Живеел во време на двајца султани, 12 претседатели и 27 премиери: Дедо Бекир и на 110 години се држи одлично – ММС
ММС

Објавено на: 11/27/20 9:12 AM

Живеел во време на двајца султани, 12 претседатели и 27 премиери: Дедо Бекир и на 110 години се држи одлично

Сто и десетгодишниот Хаџи Бекир Емреџик, кој живее во областа Карајази во Ерзурум, Турција, порача дека своето здравје го должи на природната исхрана и на животот без стрес, пишува агенцијата Анадолија (АА).

Хаџи Бекир Емреџик во населбата Карасу во Карајази живее заедно со син му Фират Емреџиј, снаата и петте внуци и привлекува внимание со својата енергичност.

Дедо Бекир се оженил во 1960 година, има 12 деца и 51 внуче. Живее со најмалиот син Фират Емреџик и пет внуци.

Емреџик низ текот на својот живот се занимавал со земјоделство и сточарство. Се храни со производи како што се путер и мед. Младоста ја поминал јавајќи на коњ. Своите потреби може да си ги задоволи сам.

Поголемиот дел од своето време дедо Бекир ги поминува дома со своите внуци и меѓу дрвјата во близина на неговата куќа. Вели дека својот здрав живот го должи на природната исхрана и на животот без стрес.

За Анадолија, дедо Хаџи Бекир Емреџик рече дека ваквиот долг живот е прво благослов од Бога, а потоа и на здравиот живот.

Истакнувајќи дека покрај тоа што пасел животни, порано многу добро јавал коњ.

„Порано многу добро јавав коњ. Со коњ за 15 минути одев до центарот на Карајази. Понекогаш се тркав со автомобили. Сѐ уште јадам путер и мед. Не се грижев за ништо. Реков, што и да се случува, се случува од Бога. И живеев на тој начин“, раскажува Емерџик.

„За 110 години служеа двајца султани, 12 претседатели и 27 премиери. Ататурк не го видов лично, но живеев во негово време. Учествував и на една програма организирана по повод неговата смрт“, рече Емреџик.