Денес повремени прекини на сообраќајот на патот Штип – Велес поради снимање рекламен спот – ММС
ММС

Објавено на: 11/27/20 7:32 AM

Денес повремени прекини на сообраќајот на патот Штип – Велес поради снимање рекламен спот

Поради снимање рекламен спот денеска од 6:00 до 13:00 часот ќе има повремени прекини на сообраќајот на регионалниот пат Р1321 – Велес-Штип.

Како што информираат од продукцијата што го снима спотот, сообраќајот ќе биде во прекини во временски интервали од по пет минути.