Време: Денеска сончево и до +17, од недела повремени врнежи и опаѓање на температурите – ММС
ММС

Објавено на: 11/27/20 7:07 AM

Време: Денеска сончево и до +17, од недела повремени врнежи и опаѓање на температурите

Претежно сончево, во утринските и претпладневни часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Денеска, според УХМР, максималната температура треба да достигне до 17 степени.

Утре во текот на денот ќе има постепено зголемување на облачноста, а од недела и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.