Полското издание на Вог и’ се спротивстави на политичката одлука за нарушување на женската слобода – ММС
ММС

Објавено на: 11/27/20 12:05 AM

Полското издание на Вог и’ се спротивстави на политичката одлука за нарушување на женската слобода

Полското издание на списаниет Вог им оддаде почит на жените што се борат за повлекување на контроверзниот Закон за абортус. На насловната страница позира манекенката, Ања Рубик позира гола, покриена со темноцрвена ткаенина. Ања на лицето има нацртано црвена молња, што е симбол на протестот на жените против законот што забранува абортус во речиси сите случаи. По бесот на јавноста, донесувањето на Законот беше одложено. Сега и полското издание на списанието отворено зазеде став против пресудите, а на насловната страница е напишано „силата на жените“.

Сè што се однесува на Полјаците, важи и за нас. Тоа е случај уште од првото издание на полскиот Вог, и секогаш ќе биде така”, стои во изјавата на редакцијата на Вог Полска.

Манекенката ја објави насловната страница и на сопствениот инстаграм профил, оценувајќи ја како една од најважните насловни страници и портрети во нејзината кариера.

„Овој момент ќе влијае на полското општество во следните децении. Државата ги ограничува жените со целосна забрана за абортус и ограничување на нивните репродуктивни права. Тие се човекови права, ја гарантираат слободата за одлучување во нашиот живот слободата за донесување одлуки за нашето тело, нашето здравје и нашата судбина“, напиша манекенката.

 

Извор:     stil.kurir.rs