Реките во тетовскиот регион припаѓаат на втора односно трета класа – ММС
ММС

Објавено на: 07/11/18 1:20 PM

Реките во тетовскиот регион припаѓаат на втора односно трета класа

Реките во тетовскиот регион припаѓаат на втора односно трета класа според последните анализи направени за квалификација на водите. Реките во овој дел на Македонија најчесто се загадуваат од отпадни води – категорични се од Центарот за јавно здравје Тетово.

Вообичано за овој период од годината најголемата река во Македонија, Вардар на мерното место кај Стенче е од втора класа, а кај мерното место Јегуновце е трета класа. Слични резултати покажуваат и анализите направени на останатие површински води во тетовско.

Од Центарот за јавно здравје, веалт дека загаденоста на реките се должи пред се’ на отпадните води, кои не се пречистуваат пред да се испуштат во реките.

Општина Тетово моментално работи на процедура за проект за изградба пречистителна станица за река Вардар кај тетовско Фалише, која драстично би влијаела на чистотата на оваа најголема река во Македонија.