Се освојувале титули, Светски првенства, се постигнувале голови, вакви или онакви потези, ги краселе спортските борилишта. Контроверзи, тренерски мастеркласи, разноразни изданија на навивачи, олимписки рекорди. И веројатно ниту еден настан во историјата на спортот не го разнишал до таа мера тлото и не го шокирал светот, како оној за смртта на легендарниот Аргентинец, Диего Армандо Марадона.
Светот како никогаш досега не бил обединет во тагата, а веќе втор ден реакциите од сите страни на земјината топка не стивнуваат. Веќе два дена насловните страни на сите весници и медиуми се преплавени со вести за неговиот живот, неговата брилијантност, неговиот импакт врз играта и надвор од неа.
Од Индија до Данска, од Белгија до Бразил. Во продолжение ви ги претставуваме насловните страници на некои од најеминентните весници на глобално ниво, сите посветени на човекот кој ја имаше надраснато фудбалската игра.
L’Equipe – Бог е мртов

Le Parisien – Во рацете на Бог

Het Belang van Limburg – Поголем од животот

De Telegraaf – Збогум Диего, нема повеќе прекрасни забавувачи како Марадона

Hamburger Morgenpost – Бог си ја зеде својата рака назад

Gazzetta dello Sport – Сум го гледал Марадона

O Dia – Збогум брате

Malayala Manorama – Збогум, драг Марадона



