ВИДЕО: Таљафико од Ајакс го рекреираше легендарното „Live is life“ загревање на Марадона – ММС
ММС

Објавено на: 11/26/20 6:32 PM

ВИДЕО: Таљафико од Ајакс го рекреираше легендарното „Live is life“ загревање на Марадона

Човекот кој дишеше за фудбалот, без никакви претерувања и уживаше во секој миг поминат на зелените терени, вчера ја допре бесмртноста. Но неговото наследство останува, особено додека постојат луѓе кои тоа ќе го негуваат од ден на ден.

Пред вчерашниот дуел од Лигата на Шампионите помеѓу Ајакс и Митјиланд, аргентинскиот репрезентативен лев бек, Николас Таљафико, на загревањето во пресрет на мечот ја рекреираше легендарната „Live is Life“ подготовка на Марадона од 1989 година.

https://www.youtube.com/watch?v=s7ZjU-6iSwk

На тој начин фудбалерот на холандскиот гигант му оддаде чест на неговиот сонародник и се збогуваше со името и презимето поголемо од самата игра.