ФОТО: Фанови на Бока и Ривер во прегратка, ова го може само Диего Армандо – ММС
ММС

Објавено на: 11/26/20 4:20 PM

ФОТО: Фанови на Бока и Ривер во прегратка, ова го може само Диего Армандо

Смррта на Диего Армандо Марадона, вчера како од ведро небо го шокираше целиот, не само фудбалски и спортски свет.

Поранешни соиграчи, тренери, фудбалери од целата земјина топка, спортски работници, љубители, фанови на „Гаучосите“ и денес се опростуваат од него и согласни се дека, колку и да тоа излитено звучи, Диего Армандо Марадона има само година на раѓање.

За неговата неизмерна големина, зборува и фотографијата која се појави на социјалните мрежи, на која двајца навивачи на лутите вечни ривали, Ривер Плата и Бока Јуниорс, тагуваат во прегратка на улиците на Буенос Аирес.

Марадона припаѓаше на Аргентина и Бока, но Марадона припаѓаше на сите.

 

 

 

Фото:

Инстаграм / pablovillan77