Поради значително зголемениот број на новозаразени со ковид-19, на 30 октомври Франција пак прогласи карантин. Сега за да ги напуштат своите домови, граѓаните на Франција мораат да поседуваат посебен сертификат кој им го оправдува излегувањето од дома.
Многу од луѓето таму не се во можност да го испечатат овој сертификат поради непристапност до принтер, или пак не можат да го преземат поради отежнет пристап до интернет.
Оваа ситуација била главна мотивација на локалниот пекар Теди Русело кој решил со лебовите што ги продава во својата пекара, на муштериите да им дели испечатени сертификати кои ќе можат да ги приложат како валидни при излегувањето од дома.
„Муштериите престанаа да доаѓаат, некои од нив не можеа да го набават сертификатот за да дојдат до пекарата, а други пак воопшто не ни гледаа поента во тоа да се потрудат да дојдат до сертификат само за да можат да стигнат до пекарата“, вели Теди.
До сега спремил 20,000 кеси за леб со сертификатот внатре и вели луѓето сега постојано доаѓаат во пекарата: „Наместо да дојдат еднаш во неделата и да купат многу лебови за да им траат преку целата недела, сега муштериите се враќаат секој ден по нов, топол леб“.
Според сограѓаните на Теди, неговата идеја е брилијантна, а покрај него веќе и некоку други пекари почнале да размислуваат да го направат истото: „Ме исконтактираа неколку локални пекари кои сакаат да ја искористат мојата идеја и за нивните пекари, многу ми е мило што сите ја прифатија мојата идеја како што замислував“, вели Теди
Во прилог погледнете фотографии од Теди и како тој ја остварува својата одлична идеја.
Извор: BoredPanda
Фото: Boulangerie saint fiacre







