Премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед, соопшти дека започнала воена операција во градот Мекеле, кој е во рацете на бунтовничките сили на Народниот ослободителен фронт Тиграј и кои одбија да се предадат, пренесува агенцијата Анадолија (АА).
Етиопскиот премиер во писмената изјава истакна дека 72-те часа дадени на Народниот ослободителен фронт Тиграј за да се предаде се завршени.
Нагласувајќи дека ќе се посвети големи внимание за заштитата на цивилите за време на операцијата, Ахмед нагласи: „Започна последната фаза од операцијата која започна на 4 ноември во регионот Тиграј на северот од земјата. Оваа фаза е насочена кон градот Мекеле.“
Ахмед на почетокот на оваа недела на Народниот ослободителен фронт Тиграј му даде 72 часа рок за да се предаде, Фронтот одби да се предаде.
Премиерот објави дека одлучено е да преземат воена акција против Народниот ослободителен фронт Тиграј, кој „ги нападна и им објави војна“ на единиците на националната Армија.
Ахмед, беше награден со Нобелова награда за мир по мировниот договор со неговиот сосед Еритреја.
Тој ги отфрли повиците за дијалог од меѓународните организации и земјите од регионот.
Народниот ослободителен фронт Тиграј тврдејќи дека владата на Адис Абеба е нелегитимна поради одложување на изборите, во септември организираше локални избори и победи на истите.
По изборите, Националното собрание објави дека се прекинати сите врски со локалната администрација.