Време: Студено утро, сончев ден со максимални 17 степени – ММС
ММС

Објавено на: 11/26/20 7:08 AM

Време: Студено утро, сончев ден со максимални 17 степени

Денеска, според УХМР, времето ќе биде претежно сончево, во утринските и претпладневните часови по одделни котлини со појава на магла. Најниската утринска температура треба да се спушти до -9, а највисоката дневна до 17 степени.

И во следните неколку дена продолжува стабилното и сончево време со ниски утрински температури. По котлините во утринските и ноќните часови ќе има појава на магла. Од недела ќе преовладуа променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.