Ве мачат киселини? Постои едноставно решение со сода бикарбона – ММС
ММС

Објавено на: 11/25/20 11:03 PM

Ве мачат киселини? Постои едноставно решение со сода бикарбона

Прстофат сода бикарбона во кафето на Запад претставува народен лек за неутрализирање на киселините. Оние кои се обиделе со ова, тврдат дека во кафето не се чувствува вкусот на содата. Иако комбинацијата на кафе и сода бикарбона не е позната на ова поднебје, експертите тврдат дека навистина може да ги спречи киселините во организмот.

Сепак, треба да се знае дека содата бикарбона во кафето може да има и нусефекти – повеќе гасови и намалена апсопрција на калциум – предупредува нутриционистката Марија Андријашевиќ.

Можеби не сте знаеле, но најлошата комбинација е всушност кафе и млеко бидејќи се зголемува киселоста во организмот, па луѓето со чувствителен желудник не би требало кафето да го пијат на ваков начин.

 

Извор:  informer.rs