Љубомората е нешто што секој од нас, барем еднаш во животот, го почувствувал. Ова јако чувство се заснова на стравот од губење на саканата личност.
Умерената љубомора во врската дури е и пожелна – тврдат психолозите. Љубомората кога е умерена, покажува дека се грижите за партнерот и тоа може да има позитивен ефект врз односот во врската.
Кога љубомората е умерена, таа ни помага да сфатиме колку саканата личност покрај нас вреди. Меѓутоа, што се случува кога љубомората е претерана?
Кога ќе видиме како некој флертува и покажува интерес за нашиот партнер, тоа можеме да го сфатиме како знак дека сме направиле добар избор. Ова дури може да доведе до самодоверба бидејќи сфаќаме дека нашиот партнер е посакуван и од други. Сепак, начинот на кој реагираме зависи од тоа колку му веруваме на партнерот,
Ако врската не се заснова на доверба, љубомората ќе ги направи партнерите несигурни, а таквата врска не може никогаш да биде здрава и урамнотежена. Љубомората е еден вид страв. Подобро кажано, таа претставува сложена афективна реакција на замислена или или реална закана дека саканата личност ќе ја изгубиме целосно или во одреден степен. Психолозите велат дека највеќе љубоморат оние кои не можат да сакаат, но мораат да имаат чувство дека се сакани.
Истражувањата покажуваат дека има значајни разлики во љубомората кај мажите и жените, бидејќи таа може да биде предизвикана на повеќе начини. Мажите на пример, реагираат потешко на женското сексуално неверство, а жените повеќе ги вознемирува емционалното неверство. Природата на љубовта е таква што луѓето понекогаш престануваат да сакаат. Значи, прво љубовта а потоа и стравот од нејзиното губење се две емционални претпоставки на кои е засновано чувството на љубомора. Сомнежот за неверства, независно дали е оправдан или не, содржи емоционален однос кон саканата личност, но и кон соперникот.
Извор: republika.rs


