Како што дознава хрватски Индекс, донесена е конечна одлука за затворање на сите кафулиња и ресторани, а новите строги мерки треба да стапат на сила во петок на полноќ, така што ќе бидат на сила од сабота, а ќе траат до Бадник.
Некои окрузи не се откажуваат од барањето да бидат изземени од оваа мерка, барем до одреден степен, но се чини дека тие нема да бидат исполнети.
Според Индекс, свадбите се привремено прекинати, а фитнес центрите, според последните информации, остануваат отворени, но тие мора да обезбедат 10 квадратни метри по корисник.
Било потврдено дека продавниците и трговските центри ќе продолжат да работат, но надзорот ќе се интензивира за да се осигура дека бројот на клиенти во нив е во согласност со пропишаниот број на метар квадратен. Хотелите треба да останат отворени и нивните ресторани ќе можат да работат, но само за гостите во хотелот.
Новиот сет на мерки, исто така, имаат за цел да го намалат бројот на патници во јавниот превоз, на околу една третина од вкупниот капацитет. Планирано е ова да се постигне со поголем број превозни средства во градскиот и приградскиот превоз.
Мерките ќе ги објави Владата на седницата утре.
“Мерките ќе траат до пред Божиќ. Не е толку далеку. Ако е епидемиолошки потребно, тие можат да траат подолго”, рекол Пленковиќ.


