Последните денови од животот Диего Армандо Марадона ги помина во својата куќа во Аргентина под надзор на медицинска сестра која беше со него 24 часа на ден.
По операцијата, лекарите го отпуштиле од болницата со цел да ја стабилизираат неговата ментална и физичка состојба. Покрај надзорот, медицинската сестра имала задача да прави вежби со славниот фудбалер за да ги подобри моторичките способности. Според локалните аргентински медиуми, децата го посетувале секој ден.
Марадона го прослави својот 60-ти роденден на 30 октомври, а блиските луѓе по прославата рекоа дека „ништо не може да го мотивира“.
Секој чекор во третманот на фудбалерот беше однапред договорен со неговите деца, кои ги донесуваа одлуките.
Сепак, во последните неколку дена сите виделе дека тој е многу вознемирен, така што легендарниот фудбалер денес ја загуби битката денес.
Неговиот пријател, режисерот Емир Кустурица за нова.рс со тажни зборови се прости од Марадона.
„За таков живот потребни беа две срца и поради тоа ова единственото што го имаше престана да чука. За таква емоција и за такво воодушевување што тој го создаде, за таква љубов што ја предизвикуваше кај навивачите, тоа не можеше да дочука колку што треба. Долго време, човечштвото и фановите ќе чекаат некој како Марадона. Некој кој не беше само фудбалер, туку и човек кој стоеше зад армијата на обесправените, кој успеа да не разбуди, не само на теренот, туку и надвор од него. Тој ги бранеше малите, слабите, им се спротивставуваше на хегемоните, го затити Кастро, своите непријатели ги доведуваше до лудило и на крајот замина како еден од ретките фудбалери кои го покажаа својот став кон политиката, историјата и сè што создаваше заеднички проблеми за сите нас. Сега веќе нема да можеме да го гледаме ниту во животот ниту на сцената каде што се чувствуваше најдобро. Човек, фудбалер, за многумина Бог на фудбалските игри. Останува да се сеќавам и секогаш да имам пред очи човек за кого фудбалот беше танц “, рече Кустурица за нова.рс.
Извор: novosti.rs/ nova.rs


