Прекината семејна веселба во гостиварско во угостителски објект, приведен сопственикот – ММС
ММС

Објавено на: 11/25/20 6:47 PM

Прекината семејна веселба во гостиварско во угостителски објект, приведен сопственикот

Полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска околу 16:00 часот го лишиле од слобода А.Д.(30) од Неготино, гостиварско, затоа што во неговиот угостителски објект во Неготино била организирана семејна веселба, на која присуствувале 25 лица.

Како што соопшти МВР, тој ќе биде задржан во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот, ќе му биде изготвена пријава за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”, согласно член 206 од Кривичниот законик.

Семејната веселба е прекината, а објектот затворен од Државниот пазарен инспекторат, се наведува во соопштението од МВР.

 

з. г. м.