Аргентинските медиуми го пренесуваат најлошото: Почина најголемиот, Диего Армандо Марадона – ММС
ММС

Објавено на: 11/25/20 5:36 PM

Аргентинските медиуми го пренесуваат најлошото: Почина најголемиот, Диего Армандо Марадона

На 60-годишна возраст од срцев удар почина можеби најголемиот фудбалер на сите времиња, аргентинскиот ас, Диего Армандо Марадона.

Според аргентинскиот весник „Clarin“, Mарадона во својот дом во Тигре доживеал срцев напад во текот на денешниот ден и веднаш бил одвезен до најблиската болница. Лекарите за жал не успеале да се изборат за неговиот живот.

Марадона минатиот месец имаше тешка операција на мозокот која успешно ја преброди.

 

Фото:

as.es