Сакраменто се откажа, Богдановиќ ќе игра со Јанг и Рондо во Атланта Хокс – ММС
ММС

Објавено на: 11/25/20 5:27 PM

Сакраменто се откажа, Богдановиќ ќе игра со Јанг и Рондо во Атланта Хокс

На неизвеноста околу иднината на Богдан Богдановиќ му дојде крај, откако некогашниот кошаркар на Партизан и Фенербахче како слободен агент потпиша за младиот и амбициозен тим, Атланта Хокс.

Богдановиќ минатата недела практично беше на чекор до Милвоки Бакс, но работите преку ноќ се сменија по неговото одбивање за преселба на Истокот. Неговиот довчерашен тим Сакраменто Кингс, не ја искористи можноста за повторно ангажирање на Богдановиќ и „мечирање“ на понудениот четиригодишен договор вреден 72 милиони долари од страна на Хокси.

Челниците на Кингси имаа 48 часа до вчера на полноќ да донесат одлука и да го решат неговиот статус. На социјалната мрежа „Твитер“, бек-шутерот се прости од фановите и градот и им се заблагодари за неизмерната поддршка сите овие години.

-Ви благодарам за поддршката и љубовта од самиот старт на мојата НБА кариера. Ви благодарам што ми дозволивте да бидам свој и ми дадовте шанса да ги следам моите соништа. Благодарност до фановите и градот за целокупната поддршка, напиша Богдан.

 

Фото:

eurohoops.net