Зголемените надлежности на инспекциските служби даваат резултат, вели Филиповска-Грашкоска – ММС
ММС

Објавено на: 11/25/20 3:05 PM

Зголемените надлежности на инспекциските служби даваат резултат, вели Филиповска-Грашкоска

И покрај зголемениот број контроли во ноември сепак се детектирани помал број прекршувања на протколите со што се потврдува дека зголемените надлежности на инспекциските служби го даваат својот резултат при почитувањето на овие протоколи, рече претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска на денешната прес-конференција.

Споредено со претходниот месец, како што информира, се забележува намалување на прекршувањата на ковид протоколите кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести.

– За споредба во октомври кога инспекторите немаа надлежности да забрануваат вршење на дејност поради непочитување на ковид протоколите од вкупно извршени 6963 надзори и 6123 контроли беа изречени 37 кривични пријави против угостителски објекти кои не ги почитувале протколите, а во  ноември по донесување на измените на законот констатирани се неправилности кај пет угостителски објекти, појасни Филиповска-Грашкоска.

Соопшти дека по скоро еден месец од стапувањето во сила на измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести од страна на инспекторите од шесте инспекциски служби се извршени 10274 контроли и 5149 надзори.

– Притоа согласно Законот за заштита на населението од заразни болести во ноември инспекторите имаат изречено осум прекршочни пријави, 16 платни налози, 30 решенија и донесени се 39 858 решенија за изолација на заболени лица од коронавирусот и лица кои биле во контакт со заболено лице, рече Филиповска-Грашкоска.

 

Фото:

kanal5.com.mk