Автомобил со испишани пораки удри во капијата пред кабинетот на Меркел за време на владин состанок – ММС
ММС

Објавено на: 11/25/20 12:56 PM

Автомобил со испишани пораки удри во капијата пред кабинетот на Меркел за време на владин состанок

Автомобил со испишана порака „Стоп за политиката на глобализација“ денеска удри во капијата пред зградата на кабинетот на канцеларката Ангела Меркел во Берлин, јавува „Анадолија“.

Бројни полициски патроли се на терен, а приодот кон зградата е блокиран.

Локалните медиуми објавија дека најверојатно станува збор за политички мотивиран напад, бидејќи на возилото биле испишани натписите „Стоп за политиката на глобализација“ и „Проклети убијци на деца и стари лица“.

Полицијата интервенирала врз возачот.

За време на обидот за напад, се одржуваше владин состанок со кој претседаваше канцеларката Меркел. ​​​​​​​