Време: Студено утро, преку денот до +16 – ММС
ММС

Објавено на: 11/25/20 7:09 AM

Време: Студено утро, преку денот до +16

Наутро студено со температура и до -8 степени. Некаде во котлините со појава на магла. Преку денот сончево со мала локална облачност, со слаб претежно северен ветер и со максимална температура до +16 степени.

Во следните денови, според УХМР, продолжува стабилното и сончево време со ниски утрински температури. Некаде во котлините наутро ќе има услови за појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. За време на викендот ќе настапи промена на времето.