Претседателот на словенечката кошаркарска репрезентација, Матеј Ерјавец, соопшти дека Лука Дончиќ нема да може да помогне на Словенија за претстојните квалификации за Евробаскетот.
Желбата на НБА ѕвездата е неоспорна, но НБА лигата не му дава дозвола на младиот плеј-шутер да се врати во Европа поради оправданиот страв од повреда или заразување со коронавирусот.
Словенците ќе мораат против Украина и Унгарија на 28 и 30 ноември во Љубљана да играат без својот најдобар поединец.
-Откако Лука Дончиќ се стави на располагање, ние ги вложивме сите напори за да тој се приклучи на националниот тим. За жал, се соочивме со проблем од ФИБА и НБА. Мораме да ја прифатиме ситуацијата. Дончиќ од друга страна, сакаше да заигра за Словенија и да им помогне на соиграчите, изјави Ерјавец.
Селекторот на Франција, Винсен Коле, исто така пред неполн месец јавно реагираше на тоа што НБА не сака да им излезе во пресрет на европските репрезентации.
Фото:
mavsmoneyball.com


