Во Белград има места за згрижување на сите кои имаат потреба од болничко лекување, но важно е да се знае дека нема доволно здравствени работници – вели премиерот на Србија, Ана Брнабиќ. Денес, на отворањето на повеќенаменската лабораториска ламела на Електронскиот факултет во Ниш, таа рече дека здравствениот систем е пренапрегнат, но дека и понатаму се „сè уште се држи“.
– Овие мерки се обврска и препорака, но важно е секој од нас да биде одговорен и да го намалиме контактот на минимум, сè додека не пристигне вакцината, што се надевам дека ќе ја имаме во декември – рече премиерот.
Таа исто така вели дека во овој момент е бесмислено да се каже дали има повеќе кревети или не во болниците, бидејќи тоа не е поентата.
– Ќе ги најдеме креветите, не е проблем, но кој ќе лекува? – праша Брнабиќ.
„Ќе преговараме со сите производители на вакцини“
Ана Брнабиќ изјави дека државата се обидува да овозможи вакцините против вирусот корона да бидат во Србија во текот на декември, но и тоа ќе зависи од тоа колку брзо ќе бидат регистрирани во земјите на потекло.
Брнабиќ посочи дека се водат преговори со сите производители, така што граѓаните на Србија ќе ја имаат вакцината што ја сакаат или онаа на која најмногу и веруваат.
– Ние сме дел од механизмот ковакс, но разговараме и билатерално со сите страни – од американскиот „Фајзер“ со кој имаме преддоговор, кинескиот „Синуфарм“ со кој во моментов работиме на преддоговор, имаме комуникација со рускиот производител „Спутник пет“ вакцини, исто така со „АстраЗенек“ – им рече Брнабиќ на новинарите во Ниш.
Извор: blic.rs