Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата – ММС
ММС

Објавено на: 11/24/20 6:40 PM

Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

Поранешниот пратеник и актуелен потпретседател на СДСМ Мухамед Зекири е назначен за генерален секретар на Владата, потврдија за за МИА од владината прес-служба.

Одлуката за тоа е донесена на денешната владина седница.

Мухамед Зекири доаѓа на местото на досегашниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски.