Со Илина сме позитивни на Ковид-19, лечењето е одложено за 10тина дена, вели Симона и од срце се заблагодарува за донациите – ММС
ММС

Објавено на: 11/24/20 3:50 PM

Со Илина сме позитивни на Ковид-19, лечењето е одложено за 10тина дена, вели Симона и од срце се заблагодарува за донациите

Средствата се собрани, ви благодарам од срце, за нашата Илина, ова го напиша мајката Симона Пармачка Блажевска на својот Фејсбук профил, за да се заблагодари на сите луѓе со добро срце, кои донираа средства за лекување на нејзината ќеркичка.

Тие се пресреќни што успејаа да ги најдат потребните пари за 4-6 хемо терапии во Турција и , како што им беше советувано, минатата недела требаше да заминат за Истанбул на прегед и да почнат терапиите, бидејќи болеста е таква што не смее да се чека. Но, патот мораа да го одложат бидејќи иако внимавале, сепак,  Илина и Симона се позитивни на Ковид-19.

🙏СРЕДСТВАТА СЕ СОБРАНИ ДОБРИ ЛУЃЕ🙏 Ви благодариме од срце
💞За нашата ИЛИНА💞

Posted by Simona Parmacka Blazevska on Monday, November 23, 2020

-Минатата недела, неколку дена пред тргање ми се појавија симптоми и бидејки никаде не одиме со Илина, освен на лекарските контроли, помислив дека тоа ми е стрес пред патување и пред неизвесноста што не чека таму. Но, сепак, за да ја исклучиме можноста за ковид-19 се тестиравме и јас и Илина и сопругот Игор и за жал јас и Илина сме позитивни, додека сопругот не. Тоа малку не стресе и ни ги поремети плановите и моравме авионските билети да ги одложиме.  Со Илина се чувствуваме добр, правиме анализи  и контроли да видиме какви се параметрите и чекаме дозвола од лекарите за да можеме да патуваме, вели Симона и додава:

-Низ што се човек нема да помине. Таман се израдувавме дека за толку кратко време ги собравме средствата и дека сепак со нашата ќеркичка се ќе биде во ред и еве сега што се случи. Но, нам оптимизмот и желбата нашето дете да го застанеме на нозе не не напушта и со Игор верувам дека ќе ја извојуваме и оваа битка и за десетина дена ќе можеме да заминеме. Господ е со нас и со сите добри луѓе кои ни пружија рака во овој, за нас најтежок период од животот. Уште еднаш од срце им се заблагодарувам на сите и им посакувам добро здравје, вели мајка Симона.