Нема пеење, довикување и пиење алкохол на трибини, фановите во Англија ќе мора стриктно да ги почитуваат новите правила – ММС
ММС

Објавено на: 11/24/20 3:26 PM

Нема пеење, довикување и пиење алкохол на трибини, фановите во Англија ќе мора стриктно да ги почитуваат новите правила

Владата на Велика Британија и премиерот Борис Џонсон донесоа одлука за враќање на фановите на трибините на спортовите кои се одржуваат на отворен простор.

Од петти декември, навивачите конечно ќе можат да ги гледаат своите миленици одблизу, но покрај основните услови прецизирани од Владата, тие ќе мора да се држат стриктно и до некои други, по малку и бизарни правила, за да добијат пристап до спортските борилишта.

Максимум 4.000 луѓе ќе можат да присуствуваат на стадионите и тоа во области во кои ризикот за ширењето на коронавирусот е најмал. Оние кои спаѓаат во групата „два“, а тоа најверојатно ќе биде и главниот град Лондон, ќе можат да примат на стадионите 2.000 навивачи, додека пак оние кои спаѓаат во групата „три“, нема да можат да примаат воопшто луѓе и правилата за нив остануваат непроменети.

Но, иако полека се оди кон нормализација на животот, а со тоа и најважниот елемент во спортот се враќа на своето место, некои од здравствените протоколи не се баш доволни јасни и логични. Фановите нема да можат да пејат, ниту пак да довикуваат по играчите или пак да конзумираат алкохол.

Премиерлигашките клубови засега не знаат дали им е исплатливо да ги отворат вратите за навивачите во овие околности и допрва ќе треба да решат дали ќе го прифатат ова краткорочно решение.

 

Фото:

theguardian.com