„Строго се забранува зборување за корнавирусот“, порака во римско кафуле – ММС
ММС

Објавено на: 11/24/20 12:07 PM

„Строго се забранува зборување за корнавирусот“, порака во римско кафуле

„Строго се забранува да се зборува за корнавирус и за ’заклучување’“, е пораката што Италијанката Кристина Матиоли, менаџерка на кафуле во Рим, ја закачи над шанкот. Таа се надева дека со тоа на гостите ќе им овозможи краток одмор од пандемијата додека пијат кафе, пренесува РТС.

„Со месеци разговараме за истото“, барем кафето да си го пиеме на мир. Не станува збор за неразбирање на тешкотиите низ кои минуваме поради пандемијата, туку само оти малку треба и да одмориме“, истакнува Кристина.

Најголем дел од посетителите на барот ја поздравија пораката на менаџерката и велат дека и без зборување за короната, се доволно оптоварени со неа, дури и во кафулињата – мора да ги дезинфицираат рацете, маските може да ги симнат само додека пијат и јадат, а угостителските објекти се затвораат во 18 часот.

Идејата на Кристина Матиоли им се допаднала и на други сопственици на угостителски објекти, кои најавуваат дека ќе го направат истото.