Владивосток пет дена парализиран од „ледениот“ дожд – ММС
ММС

Објавено на: 11/24/20 11:57 AM

Владивосток пет дена парализиран од „ледениот“ дожд

Во Владивосток, на рускиот далечен исток, екстремните временски прилики не се непознати, но најновата ситуација ги изненади дури и неговите жители. Тие веќе пет дена живеат без струја и греење откако минатата седмица падна „леден“ дожд и направи големи проблеми, па беше прогласена вонредна состојба. Поголем дел од жителите на градот се преселени на привремено сместување, а другите се жалат дека немаат ни вода за пиење.

Во окрузите во кои вода и струја се’ уште нема, војската дели храна и вода од привремени полски кујни. Од завчера струјата се врати во повеќето домови, но се’ уште околу 60.000 жители се без електрична енергија, пишува „Спутник“, а пренесуваат „НоваС“ и „Ослобоџење.

Уште од паѓањето на „ледениот“ дожд, жителите на Владивосток се жалеа дека продавниците за храна се затворени, а отворените веќе биле „испразнети“. Во некои области повеќе не работат ни банкоматите, а и нема гориво на бензинските пумпи.