Продолжува стабилното време, можни врнежи дури в недела – ММС
ММС

Објавено на: 11/24/20 7:17 AM

Продолжува стабилното време, можни врнежи дури в недела

Сончево со умерена, а повремено со значителна облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура до 15 степени.

И во следните денови, според УХМР, ќе продолжи стабилното и сончево време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. Можни врнежи на места дури в недела.