Во пресрет на четвртото коло од Лигата на Шампионите, фудбалерите на италијанскиот првак Јувентус се подготвуваат за повратниот дуел со унгарскиот претставник Ференцварош.
Откако екипата на Андреа Пирло се врати на победнички патеки и успеа да ги консолидира редовите, атмосферата во торинскиот гигант е повторно на високо ниво, што може да се увиди и од снимката од нивниот тренинг камп.
Жртва на „пренкот“ организиран од Алваро Мората и Хуан Квадрадо беше американскиот репрезентативец Вестон МекКини. Едниот го зазборуваше додека другиот позади грб му ја намести „замката“ по која поранешниот фудбалер на Шалке 04 се најде на земјата.
Квадрадо и Мората сериозно се забавуваа, а Американецот не им забележи за шалата на своите колеги и продолжи со тренингот.
Morata and Cuadrado got @WMckennie 🤣 @championsleague pic.twitter.com/t0O6njfSlz
— B/R Football (@brfootball) November 23, 2020
Фото:
theguardian.com