Во 2007 година Марк Гасол беше драфтуван од страна на Лос Анџелес Лејкерс, но токму за услугите на неговиот постар брат Пау, Лејкерс го отстапи на Мемфис Гризлис уште пред Марк Гасол да пристигне од Барселона во НБА лигата.
Тринаесет години подоцна, Марк Гасол како шампион на НБА конечно го дочекува моментот да заигра за легендарната франшиза. Шпанецот како слободен агент ќе потпише двегодишен договор со Лејкерс и ќе го зајакне дополнително ростерот на Франк Вогел во обид за зачувување на тронот во кампањата 2020/21.
Лејкерси со цел да ослободат простор, го испратија Џавал МекГи и идниот втор пик на драфтот во Кливленд Кавалирс, а во спротивен правец ќе пристигнат Џордан Бел и Алфонсо МекКини.
Според Боби Маркс од „ESPN“, договорот на Гасол ќе биде на „ветерански минимум“ и освојувачот на последното Светско првенствно со Шпанија ќе заработи 2.56 милиони долари.
Лејкерси засега одлично работат на трансфер пазарот. По ангажирањето на Денис Шрудер од Оклахома, Роб Пелинка ги „засука“ ракавите и го доведе во својот тим Весли Метјус и кошаркарот на Клиперси, Монтрез Херел.
Фото:
cbssports.com