Комби превозниците велат дека воопшто не им се исплаќа да вршат превоз, а да не смеат да ги примат сите патници. Велат дека така се само во загуби. Па дел од нив одлучиле да не ја почитуваат владината уредба. Добро што засега полицијата најчесто не опоменува, велат превозниците кои не сакаа да зборуваат јавно.
Од полицијата признаваат дека голем дел од превозниците кои не ја почитуваа владината уредба добиваат само опомени. Но за неносење на заштитна маски, строго ги казнуваме и превозниците и патниците, велат оттаму.
Некои пак решиле да седат дома. Не сакаме да ризикуваме, кога нема да важи владината уредба тогаш ќе почнеме со работа. Ваквиот чекор не е добар и за нас пред се од економски аспект, но и за патниците кои немаат редовни линии.
Од почетокот на пандемијата ова е трета владина уредба околу органичувањето на бројот на патниците во јавниот превоз.
Зоран Димовски