Односите меѓу двете Кореи ќе се воспостават повторно со отворањето канцеларија за врски – ММС
ММС

Објавено на: 11/23/20 11:21 AM

Односите меѓу двете Кореи ќе се воспостават повторно со отворањето канцеларија за врски

Јужнокорејскиот министер за обединување, Ли Ин Јанг, соопшти дека односите меѓу двете Кореи ќе се воспостават со отворањето на канцеларијата за врски, пренесува „Анадолија“.

Според информацијата на јужнокорејскиот државен канал „Корејски радиодифузен систем (KBS)“, министерот за обединување, Ли, во својот говор во Националното собрание истакнал дека воспоставувањето на постојаните линии за комуникација меѓу двете Кореи ќе претставува почеток на мирните денови.

Потсетувајќи дека Северна Кореја ја разнесе Канцеларијата за врски во јуни, Ли истакна дека овој неодговорен потег е во спротивност со надежите и желбата на јужнокорејскиот народ да се одржи мирот.

Ли истакна дека и доколку се соочат со тешкотии, мора повторно да се преземат овие чекори со цел односите меѓу двете Кореи во иднина да се мирни и просперитетни.

Наведувајќи дека нема да биде лесно да се развијат односите меѓу двете земји, Ли рече дека за мир во широка смисла потребна е заедничка канцеларија за врски и дека односите ќе започнат со отворање на канцеларијат