Ијан Џонс, хуманитарен работник од Велика Британија во индиски Раџастан, ослепе и стана парализиран откако бил каснат од кобра. Несреќата ја доживеал кај селото Јодпур, а неговото семејство се надева дека слепилото и парализата ќе бидат само привремени, пренесува српски „Курир“.
Инаку, ова на Џонс му била многу малерозна година зашто во Индија веќе прележал маларија, грозница, како и коронавирус, од кој во болница се лекувал две седмици.
Овој поранешен здравствен работник во Индија води општествено претпријатие кое им помага на тамошните работници во пласирање на нивни производи за да излезат од сиромаштијата.
„Беше во складиштето кога неговото куче Роки почна да лае. Кога ја пружи раката да го смири, кобрата поради наглото движење два пати го касна“, рекла неговата колешка Клер Робертсон.
Синот Себастијан вели дека Џонс, и покрај се’, сака да остане во Индија и да продолжи да им помага на сиромашните.