Утрово со -7 Берово најсуден град, во Струмица -5, Скопје -4… – ММС
ММС

Објавено на: 11/23/20 8:01 AM

Утрово со -7 Берово најсуден град, во Струмица -5, Скопје -4…

Најниска температура во државата утринава е измерена во Берово, -7 степени, -5 се регистрирани во Струмица, а -4 во Скопје-Петровец, Тетово, Битола, Демир Капија и Куманово. Три степени под нулата се измерени во Штип,  -2 во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Прилеп, Гевгелија и Лазарополе, -1  во Маврово, 0 Виница и Крушево, а  2 во Охрид, Претор и во Дојран, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утрово времето е сончево, во Охридско-Преспанскиот регион преовладува малку до умерено облачно време. Во Демиркаписко има појава на слаба магла.