Време: Стабилно, со студени утра – ММС
ММС

Објавено на: 11/23/20 7:10 AM

Време: Стабилно, со студени утра

Наутро студено, по одделни котлини со појава на утринска магла. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.Максималната температура денеска до 15 степени.

Во следните денови, според УХМР, ќе се задржи стабилно време со пониски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштаат под -5 степени. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. Во вторник ќе дува умерен северен ветер.