Неговото име е Џан Јаман, турски актер но со корени од нашата земја. Препознатлив по турската хит серија која игра кај нас со наслов „Романтичарот“.
Во портфолиото на овој симпатичен и харизматичен туски актер стои дека покрај тоа што е одличен во светот на седмата уметност тој по вокација е и модел, а по професесија адвокат. Џан успеал овие три работи одлично да ги спои, но сепак да заврпи на филмското платно.
Добитник е на награда „Golden Butterfly“ за најдобар актер во романтичнаta комедија оd 2018 година за улогата во „Erkenci Kuş“. Џен Јаман ја освои 7-тата награда за мажи на годината во GQ, 2019 година. Тој исто така глумеше во ТВ сериите „Gönül Isleri“, „Inadina Ask“, „Hangimiz sevmedik“, „Dolunay“ и од неодамна во серијата „Bay Yanlış“ од оваа 2020 година.
Јаман е роден на 8 ноември 1989 година во Истанбул, Турција. Неговиот дедо по татко е имигрант од Косово. Неговата баба по татко е имигрант од Македонија. Тој е внук на фудбалскиот тренер Фуат Јаман.
Јаман студирал на Билфен Колеј за основно и средно училиште, а потоа студирал во италијанското средно училиште, каде што завршил како одличен ученик со највисока оценка од постоењето на образовното училиште.
Тој потоа заминал во Соединетите Држави според програмата за размена на студенти и дипломирал наодделот за право на Yeditepe University во 2012 година.
Денеска е популарен актер и модел во Турција, но и во Македонија преку турските „заразни“ серии кои ги гледаме на македонските телевизии.
Ова е неговиот Инстаграм профил каде Џан може да го видите и во малку поинакво издание.
Г.Д