Викенд Медиа Фестивалот кој годинава се одржува од 20-ти до 23-ти септември во старата фабрика за тутун во Ровињ по единаесетти пат ќе ги обедини професионалците од комуникациската индустрија од целиот регион.
„Оваа година Викенд Медиа фестивалот ни носи навистина разновидни теми на предавањата и панелите, како и многу интересни партнери на фестивалот, Франција и Германија. Целата стара фабрика ќе биде во духот на урбаните Париз и Берлин и сите посетители ќе можат да уживаат во нивната култура, уметност и начин на живот “, вели директорот на фестивалот, Томо Рицов.
Адрис група и оваа година продолжува да биде сигурен партнер на фестивалот, кој во своите десет години од своето постоење се етаблира како омилено место за сите професионалци и љубопитни луѓе отворени за нови знаења и искуства од индустријата за комуникации.
„Годишно организираме повеќе од 130 конференции и настани, од кои Викенд Медиа Фестивалот е секако, најголем, најпознат, најдолгтраен и настан со кој сè започна пред десет години. Со инвестициите од 4 милијарди куни во развојот на туристичката понуда на највисоко ниво, создадовме услови Ровињ да стане посакувана и препознатлива дестинација за настани во регионот и во светот. За тоа голем придонес има и Викенд Медиа фестивалот. Овај фестивал донесува голема креативна енергија, ги носи најновите светски трендови во комуникациската индустрија и привлекува неколку илјади посетители во Ровињ, со што значително ја продолжува туристичката сезона и претставува одличен начин за промоција на оваа дестинација“, потенцира Кристина Милјавац од корпоративните комуникации на Адрис група.
Дел од богатата програма ќе биде посветена на земјите-партнери кои преку предавањата и изложбите ќе ни ги презентираат парискиот шарм и берлинскиот мултикултурализам; нивните уметници, интелектуалци и иноватори.
„Од самиот почеток нашата цел беше да станеме место за соработка на креативците, информирање за новите трендови и дискускутирање за теми релевантни за комуникациската индустрија. Мило ми е што гледам дека денес, како такви нè препознаваат колегите и одвај чекам да видам каде ќе нè однесат дискусиите на фестивалот оваа година“, истакнува програмскиот директор на фестивалот, Никола Врдољак,.
“Ме шпионира ли мојот мобилен телефон?” е прашањето што секој си го поставил барем еднаш, откако мобилните телефони станаа паметни. Што сè нашиот телефон може да направи без наше знаење или дозвола, ќе ни открие Ален Делиќ, еден од водечките консултанти за безбедност на информациите на компанијата Diverto, на предавањето „Дали му верувате на својот телефон?“. Пратеникот во парламентот во веројатно најдигитализираната земја во светот, естонецот Кејл Палинг, на предавањето „Дигитална Република Естонија” ќе зборува за тоа какво е чувството со животот да се управува онлајн, додека Дејан Верчиќ, партнер и директор за знаење во словенечката компанија Stratkom на предавањето „Комуницирање после зборовите” ќе објасни како комуникацијата ја вративме на самиот нејзин почеток – сликата – и како тоа влијае врз комуникацијата денес.
И оваа година, како дел од Викенд Медиа Фестивал ќе се одржи BalCannes, а агенциите од целиот регион можат да ги пријават своите проекти до 1 септември 2018 година. На седмото издание на BalCannes ќе се изберат 25 најдобри комуникациски проекти од целиот регион. Најдобрите меѓу нив ќе добијат специјална награда на жирито, BalCannes лавови, додека најдобрата агенција од регионот ја очекува специјална награда – натпреварување на Меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions 2019. Организаторите на BalCannes, Хрватското здружение за пазарно комуникацирање (HURA) и Викенд Медиа Фестивалот, на најдобрата агенција ќе и` ги покријат трошоците на пријавувањето на еден проект на натпреварувањето на Cannes Lions 2019 година.
Најважните регионални дигитални награди SoMo Borac, и оваа година ќе бидат доделени на Викенд Медиа фестивалот во Ровињ. Ќе дознаеме кој имал најдобра кампања на социјалните мрежи, кои се најдобрите веб страници и мобилни апликации, а ќе откриеме и кој доминирал во content маркетинг. Тука не е крајот, бидејќи наградите SoMo Borac се доделуваат во вкупно девет категории. Најдобрите ќе бидат избрани од големо жири, составено од дигитални стручњаци од најистакнатите агенции од регионот. Пријавите се отворени и траат до 5 септември.
Освен конструктивните, а понекогаш и провокативни дискусии за трендовите во комуникациската индустрија, Викенд Медиа фестивалот е познат и по своите најдобри забави. И оваа година нè очекува разновидна музичка програма и дружење долго во ноќта.