Смеењето за време на сексот е потребно, еве и зошто – ММС
ММС

Објавено на: 11/22/20 9:30 PM

Смеењето за време на сексот е потребно, еве и зошто

Сосема е нормално понекогаш да се почувствувате несигурно додека водите љубов со вашиот партнер што може да ве спречи да продолжите со интимниот однос со вашиот избраник.

Причина може да биде вашиот изглед со кој сте незадоволни или ситуација во која заради некоја причина не сте во состојба доволно да се возбудите но и тогаш кога прерано ќе го доживеете врвот.

Ова се непријатни моменти кои можат да ви го уништат расположението и да ве спречат да уживате во вашиот итимен однос со партнерот. Дали во ваков случај треба да прекинете во истиот момент, да се одкажете, или во најлош случај да излезете од собата? – Па сигурно не.

Психолозите предлагаат во вакви моменти да пробате да се расположите и да си ја покренете самодовербата со помош на хуморот. На пример, доколку за време на предиграта за момент се почувствувате непријатно и не знаете како да се опуштите, пробајте на брзина да направите некоја шега па макар и на ваша сметка за да си го кренете расположението. Ова истотака ќе ја намали тензијата помеѓу вас и партнерот и значајно ќе ве опушти во понатамошното истражување на сексуално уживање.

Доколку ни хуморот не ви помогне да бидете релаксирани во вашиот кревети да уживате во сексот немојте да очајувате. Комуникацијата која сте ја оствариле со вашиот партнер во ваквите моменти дополнително ќе ве зближи и ќе ви помогне следниот пат да бидете посигурни во постелата со вашиот избраник. Запомнете, што и да ви се случи за време на сексуалниот однос, немојте да се срамите и да очајувате, ниту сте прва ниту последна особа која имала непријатно искуство во креветот.

Преземено од: https://citymagazine.rs/