Српскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ, не успеа по осми пат да се пласира во финалето на Завршниот Мастерс во Лондон и со тоа да го пристигне Рожер Федерер по бројот на освоени трофеи во англиската престолнина.
Доминик Тим повторно се покажа како кобен по амбициите на Србинот, овојпат поразувајќи со 2:1 во сетови (5:7, 7:6, 6:7) и закажувајќи финален двобој против подобриот од дуелот Надал-Медведев.
Мечот се одвиваше според очекувањата. Тврдо, на работ на нервите во два наврати и победа на оној тенисер што повеќе го сакаше финалето. Австриецот до првата брејк топка стигна после 11 одиграни гемови. Доволен показател за изедначеноста помеѓу двајцата тенисери.
Во последниот трет сет, Новак Ѓоковиќ испушта совршена прилика за окончување на резултатот, откако во тај-брејкот освои четири поени по ред. Изненадувачки, концетрацијата не беше на страната на најдобриот светски тенисер кој му дозволи на Тим да ги „стопи“ четирите поени разлика и со шест поени во низа да издвои голема победа.
Фото:
standar.co.uk